(ВИДЕО) Не е Марс туку Алпите: Зошто терените за скијање станале црвени?

Прашината од Сахара стигнала до ски-центарот на Алпите и го обоила снегот во портокалова боја. Песочна бура од африканската пустина во моментов се пробива низ континентот.
Скијачките патеки во селото Ла Фоули во швајцарскиот скијачки центар Вал Ферет биле преполни со песок од Сахара, кој го обои небото во морбидна нијанса на портокалова боја.
Скијачите ги продолжија своите активности и покрај чудното време, не грижејќи се дека зголемената концентрација на прашина од африканската пустина продолжила да пристигнува.
Слични сцени биле забележани во францускиот град Шамони Мон Блан.


Портокаловата нијанса е резултат на силните ветрови во Африка, кои го носеле песокот кон Европа. Сè станало портокалово: и небото и снегот, па Алпите изгледаат како пејсаж од Марс.
Иако ова е честа појава, метеоролозите велат дека ветровите биле посилни од вообичаеното – и со себе носеле повеќе честички од прашина.
Студија од 2011 година објавена во списанието „Microbes Environment “ открива дека сахарската прашина може да пренесе и микроорганизми во Европа.
Конкретно, ова истражување открило дека бактериите во алпскиот глечер Мон Блан веројатно биле „контаминирани“ поради сахарска прашина.


Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …