(ВИДЕО) Натпреварувач без нога настапил со патерици и го расплакал жирито на „Британија има талент“

Во една од последните аудиции на шоуто „Britain’s Got Talent“, среќата си ја пробал млад човек од Јужна Африка.
Муса Мота е 27-годишник кому како тинејџер му бил дијагностициран рак и морала да му биде ампутирана едната нога. Бидејќи повеќе не можел да игра фудбал, решил да се занимава со нешто друго.
„По ампутацијата, се заљубив во музиката. Моите пријатели танцуваа во тоа време и ги замолив да ме научат да танцувам. Ова е совршено време да допрам до повеќе луѓе и да инспирирам повеќе луѓе таму. Се замислив себеси на сцената и сега се случи“, му објаснил Муса на жирито.


Муса потоа го извел танцот на песната „Runnin’“ на пејачката Бијонсе со помош на една патерица. Членовите на жирито Аманда Холден и Бруно Тониоли плачеа за време на неговиот настап, а колешката Алеша Диксон рекла дека тоа е една од најдобрите аудиции што ги видела на натпреварот.
Тоа ја импресионираше публиката, која и покрај правилата барала членовите на жирито да го притиснат таканареченото златно копче и да го испратат директно во следниот круг. Жирито објаснило дека веќе ја искористиле таа можност, но на крајот сите заедно го притиснале копчето што ги воодушевило сите присутни во студиото.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Нова сезона во Италија – „Емили во Париз“ го воодушевила дури и Емануел Макрон: „Позитивно влијае на имиџот на Франција“

Популарната серија „Емили во Париз“ моментално ја емитува својата четврта сезона на Нетфликс, а дејството …