(ФОТО) Се пофалил дека 50 години вози без возачка дозвола. Полицијата го пронашла

ПРЕМНОГУ се фалел дека никогаш не полагал возачки испит, па ја заинтересирал и полицијата.
69-годишен маж од Велика Британија 50 години возел без валидна возачка дозвола. Никогаш не полагал возачки испит, а сите овие години успешно ја мамел осигурителната компанија дека има возачка дозвола.
Иако во подоцнежните години, овој неименуван возач не можел да одолее на нагонот да се пофали. Толку се фалел што полицијата тргнала да го бара и набрзо го фатила. Тој бил запрен од сообраќајната патрола во Дербишир и веднаш открил дека ја кажува вистината – повеќе од 50 години возел без дозвола и успешно ја измамил осигурителната компанија.
Возачот добил прекршочна пријава, а автомобилот му бил одземен, пишува Jalopnik.


Ова очигледно не е изолиран случај. Едно време во Бирмингем бил фатен возач кој 40 години возел без дозвола. Рекордер е, сепак, возач на Mini кој бил фатен минатата година, по 72 години користење на автомобилот во сообраќај без возачка дозвола.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …