Поголемиот дел од годината, Кано Кристалес е како и секоја друга река, но на крајот на јули цвета во јаки бои.
Кано Кристалес е река во Колумбија која се смета за најубава и најчудна на светот. Нејзиното име значи „кристален канал“, но е попозната како „Река од пет бои“ или „Течно виножито“. Затоа што точно така изгледа на крајот на јули – се меша жолта, зелена, сина, црна и црвена
Палетата на бои е составена од праисториски црн кварц, зелена и жолта мов, природна сина вода, како и јако-црвени и розови ендемични растенија Macarenia clavígera кои цветаат под вода сезонски во втората половина на годината. За атракциите придонесуваат и водопадите, како и кружните базени формирани од карпи.
Фото: Принтскрин/Instagram