(ВИДЕО) НАЈКУЛ БАБА НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Легендарната русокоса и во ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА преполна со енергија!

Кејт Хадсон на Инстаграм споделила видео во кое нејзината мајка Голди Хон, на грб, ја носи нејзината ќерка Рани Роуз.
Легендарната холивудска актерка Голди Хон (75) е шесткратна баба, а нејзината последна внука Рани Роуз (2) е родена од нејзината ќерка и исто така позната актерка Кејт Хадсон (41).
Со својата ќерка и малата Рани Роуз, чиј татко е актерот Дени Фуџикава, уживале во прошетка за време на викендот, а Кејт споделила видео на разиграните баба и внука на Инстаграм.
„Силната Гого со 13 килограми љубов на грб“, напишала Хадсон во описот на видеото во кое Голди оди енергично и пее додека нејзината насмеана внука седи на носилка на грбот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)


„Најкул баба“, „Голди е божица!“, „Колку енергија има оваа жена!“, напишале ентузијастичките обожаватели на легендарната актерка под објавата, која честопати и на својот Инстаграм покажува на своите видеа како вежби, и често покажува дека за неа годините се само број.
Таа е исто така една од ретките холивудски sвезди кои решија да стареат природно и, иако често ја прозиваат,таа тврди дека никогаш не отишла под нож.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goldie Hawn (@goldiehawn)

Хон ги имаше ќерката Кејт и синот Оливер (44) со нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Бил Хадсон (71) а од 1983 година е во среќна врска со актерот Курт Расел (69) со кого нема деца. Тие се запознале на снимањето на „Swing Shift“, а последниот заеднички филм „Божиќни хроники 2“, што е продолжение на истоимениот филм од 2018 година, беше снимен минатата година, но иако нивната љубов не стивнува ниту после скоро четири децении, Голди и Курт немаат намера или желба да застанат пред олтарот.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …