(ВИДЕО) „Најјак проект“ во ЈУГА: Пред 35. години е емитувана првата епизода од „Топ листа на надреалисти“

Пред нешто повеќе од 35 години, беше емитувана првата епизода на „Топ листа на надреалисти“. Серијата стана феномен во рекордно време, па дури и 28. години откако се снимаше последната епизода, има култен статус.
„Најсилниот ТВ проект на поранешниот Југа“, се коментари што сè уште можете да ги прочитате за оваа серија на социјалните мрежи и форуми денес.
„Топ листа на надреалисти“ или скратено ТЛН беше прикажана помеѓу 1984. и 1991. година, а нејзината политичка и социјална сатира предизвика толку голема гледаност што шоуто скоро се изедначи со Дневникот.
Серијата прв пат се емитуваше како тричасовно радио шоу „Примус“ (Приказни и музика во сабота). Две години подоцна, беа формирани групи кои требаше да претставуваат столб на антидвижењето против движењето кое оваа група сакаше да го формира: „Забрањето пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и Неговите метеори и „Црвена јабука“. Водачи на ова движење што се потпира на панкот беа Ненад Јанковиќ (д-р Неле Карајилиќ), Мирко Срдиќ (Елвис Ј Куртовиќ), Сејо Сексон, Бранко Ѓуриќ и Зенит Ѓозиќ.
Примус на радарот стави скеч што го изведоа Неле Карајлиќ, Зенит Ѓозиќ, Златко Арсланагиќ, Борис Сибер и Дражен Ричл. Глумејќи на обид за терористичко преземање на радио станица, тие прочитаа манифест во кој се наведени барањата. Иако емисијата не беше баш слушана, скечот одекна посилно отколку што очекуваа.


Првата телевизиска епизода се емитуваше на 2 јуни 1984 година.
Втората сезона беше снимена дури четири години подоцна, и токму ова му обезбеди култен статус на „Топ листа на надреалисти“. Поради онив во секојдневниот говор влегоа изразите како „ма здрааааааво“ или „хркљуш“ кој означувал имагинарна босанска игра. Интересно е што во 1991 година беше објавена компјутерската игра Хркљуш за Commodore 64.
Третиот дел е снимен пред почетокот на војната во 1991 година. Специјалната епизода за Нова 1992 година беше последната снимена од страна на надреалистите заедно.
На почетокот на војната во БиХ, Неле замина во Белград, Џуро во Словенија, Зенит остана во Сараево, и за време на војната ја снимал „Топ листа ан надреалисти“, кој бил успешен во Босна и Херцеговина.
Два члена на Топ листа на надреалисти повеќе не се живи. Дражен Ричл почина по тешка сообраќајна несреќа во 1986 година, а Давор Дујмовиќ се самоуби во 1999 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на фанзини

Денес, со почеток во 12:00 часот пред кафе бар Улаф Сте во Битола, ќе се …