(ВИДЕО) На Титаник пронајден ѓердан 111 години по потонувањето: Ќе се обидат да утврдат кому му припаѓал

Во остатоците на познатиот луксузен океански брод Титаник, по 111 години од неговото потонување, во остатоците на бродот е пронајден изгубен ѓердан…
Титаник потона на своето прво патување откако удри во санта мраз во Атлантикот. Во таа прилика загинаа над 1.500 луѓе.
Ѓерданот е направен од мегалодон заби, џиновска праисториска ајкула и мала количина злато. Ја пронашле членовите на организацијата „Магелан“. Инаку, оваа организација се занимава со подводни истраги и мапирање на морското дно.
Ѓерданот бил случајно пронајден за време на снимањето на потонатиот брод Титаник за потребите на документарен филм.
– Пронајдениот ѓердан е луксузно убав, а ваквите откритија го одземаат здивот – изјавил Ричард Паркинсон, извршен директор на организацијата „Магелан“, пишува Independent.


Инаку, мегалодон е вид кој исчезнал пред 3,6 милиони години. Некои примероци биле долги и до 18 метри. Тие биле побрзи од која било жива ајкула денес и доволно големи за да изедат орка во само пет каснувања.
Ѓерданот се уште е во урнатините бидејќи САД и Велика Британија треба да дадат посебна дозвола за да го извлечат од потонатиот брод.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …