Има многу шпекулации и приказни за кралското семејство, а особено сите секогаш ги интересира врската на браќата Вилијам и Хари кога станува збор за нивната покојна мајка, принцезата Дијана.
Кога таа трагично почина, Вилијам и Хари се уште беа деца, а човекот кој знаеше се за нив, но и за самата Дијана, беше нејзиниот батлер Пол Барел.
Иако во едно интервју пред неколку месеци открил дека потоа никогаш не разговарал со принцовите, сега близок извор го тврди спротивното, велејќи дека нивната средба навистина се случила во 2017 година, пред Хари да ја донесе важната одлука да ја запроси Меган Маркл.
Извор за британски The Sun изјавил дека тројцата мажи се сретнале многу лержерно и дека Вилијам и Хари сакале да разговараат со некој што е близок со нивната мајка.
„Тие побараа се да се чува во тајност и тој тоа го почитуваше“, додал изворот.
„Пол беше среќен да им каже сè што знаеше и да фрли малку светлина врз нивните сеќавања“.
Пред три месеци беше откриено дека Пол има рак на простата и дека пред да замине на другиот свет, сака да ги сподели сите тајни на Дијана со нејзините синови.
Во интервју за Mirror во неговиот дом во Чешир, поранешниот кралски слуга рекол:
„Мојата болест го фокусираше моето внимание на тоа да им кажам на момчињата работи пред да биде предоцна, да им кажам што навистина треба да знаат. Мислам дека Дијана би ми рекла: ‘Пол, ова мора да ти биде приоритет. Мора да одите да ги видите моите момчиња’“.
„Поминав многу часови со Дијана, во нејзините најсреќни и најтемни времиња. Таа ми се довери и има многу работи за кои никогаш не сум зборувал, но сега чувствувам дека е вистинското време. Мислам дека она што имам да го кажам би можело да ги врати момчињата заедно, што Дијана очајно би го сакала. Само ќе им ја кажам вистината, тоа е се. Не барам ништо за возврат“.
Тој, исто така, сакал да влијае на Вилијам и Хари да се помират по разделбата што се случи откако Хари го напушти своето семејство со Меган Маркл и се пресели во Америка.
Инаку, Пол со години и служеше на принцезата Дијана, а таа често го нарекуваше своја карпа и голем пријател.
Пол имал два сина, Александар и Николас, со сопругата Марија Косгроув, а се развеле кога тој открил дека е геј. Во 2017 година се оженил со Греам Купер и сега живее со него во селото Тарпорли во Чешир.
Фото: Архива