(ВИДЕО) На политичар за време на неговиот говор му влетала пчела во устата, а тој ја проголтал…

Шокираниот Форд се оддалечува од микрофонот, па дури и ја става раката во устата во обид да ја извади пчелата, но безуспешно…
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, неочекувано станал интернет ѕвезда, откако минатиот викенд се појавило видео на кое тој случајно проголтува пчела.
Политичарот одржал говор на прес-конференција, темата била приватната медицинска помош, а непоканетиот гостин пчела!
На снимката можете да ја видите пчелата како лета околу главата на политичарот, а во еден момент таа само влетала во неговата уста.


Шокираниот Форд се оддалечува од микрофонот, па дури и ја става раката во устата во обид да ја извлече пчелата, но безуспешно.
„Само што голтнав пчела“, рекол тој и се напил вода.
Дури тогаш настанал лом.
– Сигурен сум дека овој момент ќе се гледа одново и одново, ох, само ми падна низ грлото – скрушено рекол Форд, кому на социјалните мрежи му се смеат затоа што испил вода од шише откако проголтал пчела – велат дека сакал да си олесни и да ја испие како лек.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …