(ВИДЕО) МИСТЕРИЈА – ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ТРЕТ РУСКИ ЛЕКАР ПАДНАЛ ОД ПРОЗОРЕЦ: Доктор од Воронеж среде пандемијата на корона вирус се жалел на условите за работа!

Лекар во одделот за брза помош во западната руска област Воронеж се наоѓа во сериозна состојба, откако паднал од прозорецот на болницата после поплаките дека бил принуден да работи дури и откако бил позитивно тестиран за КОВИД-19, што е трет ваков случај во земјата во последните денови.
Колегите на Александар Шулепов и претставниците на регионалните група за коронавирус соопштиле дека во текот на викендот Шулепов на 2. мај. паднал од прозорецот на вториот кат во болница каде што работел и бил на лекување на коронавирус во градот Новаја Усман. Тој во моментов е во одделот за итни случаи со фрактура на черепот.


Истиот ден кога бил примен, Шулепов и неговиот колега Александар Косијакин објавиле видео во кое се жалат дека, дури и по тестирањето, нивниот шеф го натерал Шулепов и другите колеги да работат заедно.
Три дена подоцна, Шулепов ја повлекол својата првична изјава велејќи дека неговото видео со Косијакин е снимено додека бил во „емотивна состојба“, непосредно откако дознал за неговата дијагноза КОВИД-19.

Екран.мк/ATVBL
Фото: Скриншот


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …