Исландската сеизмолошка служба денес објави дека минатата недела биле регистрирани околу 17.000 земјотреси во југозападниот регион Рејкјанес.
Најсилниот земјотрес бил со јачина од 5,6 степени и се случил на 24. февруари, а го почувствуваа и жителите на главниот град Рејкјавик и околните места каде што живеат две третини од населението на Исланд.
View this post on Instagram
После тоа, биле регистрирани уште два силни земјотреси со јачина над 5,0 степени и се случиле на 27. февруари и 1. март.
Земјотресите не предизвикале голема материјална штета, иако патиштата на Исланд соопштиле дека има мали оштетувања на асфалтот на регионалните автопати.
Фото: Принтскрин/Youtube