(ВИДЕО) Македонската поп естрада за децата – коледарчиња ја испеа божикната песна „Вечниот Бог“

Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божиќни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.
Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и со Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6.ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.
Песната е снимена во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а аранжманот е дело на Владимир Димовски, а видео спотот е веќе во подготовка. Ова музичко дело, најмногу ќе им помогне на децата – коледарчиња, со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …