Британскиот милијардер Ричард Бренсон го претставил новиот луксузен крузер на кој можат да се качат само возрасни.
Крузерот го добил името Scarlet Lady (Скарлет Лејди), а бил претставен во петокот. Бренсон се надева дека со својот модерен дизајн и правило според кое можат да се качат само возрасни, ќе привлече голем интерес. Крузерот е закотвен во пристаништето Довер, Англија, а ќе се користи од април. Главно ќе понуди крстарење на Карибите, а база ќе му биде во Мајами.
„Scarlet Lady е навистина специјален. Работевме со водечките светски дизајнери, уметници и архитекти за да им понудиме на луѓето ново искуство“, рекол Бренсон додека го претставувал крузерот на медиумите.
Целната група на Бренсон се возрасните, но сепак помлади луѓе, на кои сака да им понудат услуги што не се достапни на многу други крстарења.
„Сонував да ја лансирам мојата линија на крузери. Возбуден сум што дојде тој момент“, рекол Бренсон.
Цените се движат околу 19.,000 американски долари за апартман, а најевтините кабини чинат 1.600 долари. Во понуда се тридневни и четиридневни крстарења.