(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПЛАЧАТ ПОРАДИ УКРАИНСКАТА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА: Синоќа избраа претставник и веќе се ФОВОРИТИ! Носи ЈАСНА ПОРАКА

Украина синоќа го избра својот претставник на претстојниот избор за песна на Евровизија, кој годинава ќе се одржи во Торино.
Песната „Tíní zabutih predkív“, односно „Сенки на заборавените предци“ на пејачката Алина Паш е прогласена за најдобра, а веднаш по прогласувањето на победникот, букмејкерите дивееле. Еден час по објавувањето, Украина се искачи на петтото место на обложувалниците, а синоќа околу полноќ се искачи на високото второ место и засега е еден од фаворитите за победа.
Украинската пејачка во етно облека со песна од традиционални призвук ја воодушеви Украина, а очигледно и остатокот од Европа, додека Јутјуб од синоќа е преплавен со реакции на евровизиските фанови кои биле трогнати од настапот на Украинката.


Снимени се и објавени десетици видеа на кои евровизиските фанови реагираат на песната на Алина, а сите се воодушевени од необичната песна, мелодија и звуци кои ги слушнале. Евровизиските фанови не кријат дека биле длабоко трогнати од песната, иако повеќето не разбрале дел од текстот, а некои не ги криеле солзите.
„Ова е нешто сосема друго. Толку е моќно, темно, но повторно модерно“, коментираат фановите.
„Се тресев. Нејзиниот глас е неверојатен, има толку многу страст и емоции во оваа песна. Сето ова морам да го преведам на англиски. Нешто се случи во мене”, вели Eurovoxx, која со години ја сдледи Евровизија.

View this post on Instagram

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


„Ако ова звучи добро во живо, може да направи големи работи“, додал тој.
Алина Паш е украинска пејачка, текстописец и актерка, чија музика комбинира елементи на R&B и хип-хоп, испреплетувајќи ги со аспекти на традиционалните карпатски звуци. Украина последен пат победи на Евровизија во 2016. година, кога Јамала ја пееше „1944“.
Песната „1944“ зборува за етничкото чистење што го доживеале членовите на нејзиното семејство, заедно со над 200.000 Кримски Татари. Имено, на 17. и 18. мај 1944 година, силите на Сталин извршиле „колективна казна“ против Татарите, народ со турско потекло и за само два дена 40.000 припадници на овој народ биле протерани од Крим и депортирани во Сибир.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …