(ВИДЕО) ЉУБОВ – НИТУ ПОПЛАВИТЕ НЕ ИМ МОЖЕЛЕ НИШТО: Младенци на венчавка пристигнале во „лонец“!

Двојка во Индија на нивната венчавка пристигнал на необичен начин, имено пловеле по поплавените улици во нивниот град во скромен сад за готвење.
Поплавите во Индија, предизвикани од обилните дождови, поплавија улици и патишта во јужната држава Керала.
Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека парот се собрал во алуминиумско тенџере додека двајца мажи што го влечат тенџерето одат покрај нив, а со нив бил и фотографот, пренесува Гардијан.
Двојката позајмилатенџере од локален храм и рекле, според извештаите на медиумите, дека тоа е единствената опција што им е достапна на краток рок, објави индиската новинска агенција PTI.


Не им пречеле поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 27. луѓе низ целата земја, и’ двајцата не сакале да го одложат својот голем ден.
Подоцнежните снимки покажале дека младенците пристигнале здрави и суви. Тие се венчале во мал, делумно поплавен храм Талавади, каде што беила изведена традиционалната хиндуистичка свадбена церемонија.
– Нашата венчавка беше претворена во нешто што не можевме ниту да го замислиме, изјавила подоцна невестата за локалните медиуми.
Според локалните медиуми, и’ невестата и’ младоженецот, Акаш и Аишварија се медицински работници во болницата.

Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …