(ВИДЕО) Личната трагедија му донела пари: Прашање за место каде загубил нога!

Одговорил точно на прашањето и отишол дома со 125. илјади фунти. Герет Кендал ги воодушевил сите и сега е најуспешен натпреварувач од оваа сезона.

Натпреварувачот Герет Кендал ги воодушевил сите кога во квизот „Кој сака да биде милионер“ освои 125. илјади фунти, одговарајќи точно на прашањето каде се наоѓа замокот Уркухарт затоа што таму ја изгубил ногата.


Кендал од Халифакс учествувал во квизот кој се емитува во Велика Британија. Покрај тоа споменал дека за малку ќе загинел во страшна сообраќајна незгода, кога останал без нога.

Стигнал до 12. прашање за 125. илјади фунти (нешто повеќе од 140.000 евра), а прашањето кое водителот му го поставил ќе го паметат засекогаш сите.
„Покрај кое езеро се наоѓаат урнтините од дворецот Уркухарт?, е прашањето кое му го постави водителот Џереми Кларксон.


Герет не се двоумел ниту секунда.
„Го знам овој одговор, таму ја загубив ногата“, рекол натпреварувачот, а публиката реагирала гласно.
Тој додал дека сообраќајната несреќа се случила во близина на урнатините на дворецот Уркухарт, покрај езерото Лох Нес.
Одговорил точно на прашањето и отишол дома со 125. илјади фунти. Герет Кендал ги воодушевил сите и сега е најуспешен натпреварувач од оваа сезона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …