Ричард Овертон (112) најстар маж и ветеран во Америка, споделил совети за долг и здрав живот.
Овертон во петокот го прославил 112. роденден. Ниту во длабока строст нема болки, барем така тврди. Поради тоа многумина се прашуваат во што е тајната на долг и здрав живот? На такво прашање Овертон одговара: немој да умреш!
Овертон секое утро станува со насмевка, подготвен е за шега, а понекогаш пуши 12. цигари дневно. Исто така сака да пие виски. Како што раскажал за странските медиуми, има обичај во утринското кафе да додаде малку бурбон „како лек“, а исто така дневно пие од едно до четири кафиња.
Освен овој интересен Американец, совети за здрав живот споделиле и некои стогодишници. Најстарата жена во Шкотска, Џеси Галан, во една пригода раскажала дека нејзин рецепт за долг живот да е подалеку од мажите.
„Повеќе донесуваат невољи отколку корист“ рекла тогаш. Глан која починала минатата година во 109. година живот, исто така додала дека редовно треба да се јаде каша.
Гледис Гот од Англија смета дека тајната на нејзината договечност се крие во тоа што никогаш не се мажела ниту пак имала дечко.
„Веројатно тоа имало некаква врска со тоа. Едноставно не можев да им здодевам на мажите“, рекла во едно интервју.
Порано оваа година Џунис Модлин од Индијана го прославила 102. роденден.
„Земаше два реда црно чоколадо дневно и често дремеше“ рекла нејзина внука. Исто така никогаш не пушела ниту пиела алкохол и секогаш вежбала. Можеби,сепак, тајната била во чоколадото и дремењето.
Дорис Олив Нетинг минатиот месец го дочекала својот 100. роденден со чаша пиво. И’, не саао стотиот, со години наназад редовно пие пиво и одбива да помине макар и еден ден без овој пијалок.
Ема Морано која починала во 117. година, во една пригода рекла дека за нејзината договечност се заслужни добрите гени и трите јајца дневно.