(ВИДЕО) Ледена кралица: Излегла од замрзнато езеро и пиела кафе на минус 27 степени

Познатата инфлуенсерка Галкина Анечка повторно ги „олади“ социјалните мрежи, овој пат со видео од замрзнато езеро.

Галкина се пикнала во замрзнатата езерска вода на -27 степени Целзиусови надвор, а потоа излегла на површина и земала топла шолја кафе да се напие.



Не е ни чудо што оваа девојка ја нарекуваат „Ледена кралица“ затоа што материјалите што ги споделува со обожавателите буквално ја заледуваат крвта. За Галкина со сигурност може да се каже дека за неа нема и нема да има зима, бидејќи колку и да е студена, замрзната и под снегот, тоа нема да ја спречи да нурка речиси целосно гола.

Се чини дека нејзиното тело развило целосна отпорност на студот, што мора да е резултат на долгогодишно вежбање пливање и нуркање во замрзнати води.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …