Марко Здравковски има 25 години и боледува од канцер, а веќе некој период трае акција за собирање на средства за да се лекува во странство.
– Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот сè ќе биде добро, напиша Марко.
Откако во средата на нашите социјални медиуми објавивме за младото момче Марко, веднаш народот од земјава и странство се крена на нозе за да му помогне. Денес, Марко сакајќи да се заблагодари се огласи со силна порака::
-“Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по пр…
See more
Иако Марко почна со терапијата, сепак се потребни уште средства и секој од нас може да донира.
Доколку сакате, можете да донирате на следниве начини:
1. А1: 143 485
2. Телеком: 143 434
3. Денарска сметка:
250500023957049
БАНКА: SPARKASSE BANKA
МАРКО ЗДРАВКОВСКИ
ШИФРА: 562
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ДОНАЦИЈА
4. Преку Go Fund Me на линкот ТУКА.
Фото: gofundme