(ВИДЕО) Лабрадорка научила неверојатен трик и го променил животот на глувата сопственичка

Лабрадорката Мила ги воодушевила луѓето со неверојатниот трик кој го совладала. Научила да ја предупреди својата глува сопственичка Мери Вандербломен дека некој го повикува нејзиното име.
Мери објавила видео на TikTok во кое се слуша жена зад камерата како вели „Мери“, а Мила потоа се движи кон сопственикот и со муцката го турка нејзиното колено и се обидува да и го привлече вниманието.
Кога Мери ја прашала што сака, Мила замавнува со опашката назад кон својата пријателка и и покажува на сопственичката дека ја довикува.

@milathehearingdog so cute 🥺🥺🥺 #servicedog #deaf #asl #fyp #foryou #dog #hearingloss #hearingdog #assistancedog @SARAH C ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey


Мила го предупредува својот сопственик и за звуците на алармот за пожар, сирените за итни случаи, паѓањето на клучевите и многу други работи. Мери вели дека е горда на својот миленик кој и го променил животот.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …