(ВИДЕО) Погледнете го бизарниот пад на атрактивна новинарка среде интервју за кое зборува цела НБА

КРИСТИНА ПИНК е една од најпознатите НБА новинарки. Активно ги следи натпреварите на најголемата светска кошаркарска лига и известува од теренот каде прави интервјуа со најпознатите играчи на денешницата.
Така било и по синоќешниот дуел помеѓу ЛА Клиперс и Атланта Хокс. Нејзин соговорник бил домашниот репрезентативец Амир Кофи кој со 21. поени ги предводел Клиперси до победата.

На крајот од интервјуто таа му рекла на својот соговорник дека мора да се исуши откако соиграчите го полиле со вода. Следниот момент таа тоа најдобро го почувствувала на своја кожа. Таа се лизнала и нагло паднала, удирајќи со лицето на подот. Лежела таму неколку моменти, но била добро.


„За сите што прашуваат, добро сум. Имаше вода на теренот… Ги ценам сите пораки“, им порачала Пинк на фановите.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот “Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според …