(ВИДЕО) „КУЛ ТИП“ – Станал хит бидејќи мирно ги јадел своите кебапи додека околу него имало тепачка!

Снимката од тепачка во англиски Портсмут стана хит на Интернет – поради еден човек кој не се мешал туку само седел мирно, си јадел и гледал.
Кавгата на муштериите довела до тепачка во која учествувал персоналот на Ken’s Kebab во Портсмут, но 52-годишниот Крис Хил не дозволил ништо да му го расипе неговиот доцновечерен оброк. Крис, кој дошол да јаде нешто, после неколку пива во пабот, рекол дека се свртел и видел дека тепачката започнува.


„Размислував да се преселам во еден момент, но уживав во мојот ќебап и компирчињата“, изјавил тој за „Mail Online.“. „Иако помфритите не беа нешто“, додал.

Неговата реакција веднаш стана хит на социјалните мрежи, а тој беше наречен легенда. „Овој човек е жива легенда“ или „овој човек мора да биде претседател на Земјата“, коментирале на Твитер каде повеќе од 13,8 милиони луѓе го гледале видеото. Се разбира, бргу почнале и мемови.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …