(ВИДЕО) Куќа што се склопува за 6 часа, а чини 21.85 долари за метар квадратен

Компанијата вели дека доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата,а цената се движи помеѓу 29. и 60. илјади евра.
Архитектот Ренато Видал од Италија со својата компанија ја измислил оваа монтажна куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 30 илјади евра.
Оваа куќа по потреба може и да се сели, односно преместува, дури и откако веќе еднаш е изградена. Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД осветлување.
Компанијата вели дека доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата,а цената се движи помеѓу 29. и 60. илјади евра.
Уште една позитивна работа е тоа што за да изградите ваква куќа не ви се потребни темели.
Доколку сакате сопствена економична куќа, добро е да го знаете и ова:
Инаку, основачот на компанијата Tesla, Елон Маск соопшти дека компанијата започнала да ги прима првите нарачки за популарните “соларни кровови“ уште во месец април.
На сајтот на компанијата има и калкулатор каде што секој што сака да си нарача соларни панели може да пресмета колку ќе го чини во зависност од површината на кровот и количината на сончева енергија во одредено подрачје со цел да види дали оваа инвестиција е исплатлива.


Според најновите информации кои ги соопшти компанијата, вградувањето на овие кровови во САД ќе започне од ова лето, додека за остатокот од светот почетокот ќе биде најавен до крајот на годинава.
Соларниот кров се соостои од фотонапонски ќелии кои се вградени во ќерамиди (слични како обичните ќерамиди) и неприметливо се вклопуваат во модерните архитектонски решенија. Маск изјави дека целта на соларните кровови е да бидат поубави од обичните, да произведуваат електрична еренгија, да траат подолго и да имаат подобра изолација.
Кога станува збор за цената, Маск вели дека тие ќе бидат поевтини во однос на класичните ќерамиди. Неофицијалната цена е 21.85 долари за метар квадратен.
Веднаш откако се појави веста дека компанијата ќе изработува вакви ќерамиди, почнаа да се редат нарачки така што денес има огромна листа на купувачи на листата на чекање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …