(ВИДЕО) КРАДЕЦ МИСЛЕЛ ДЕКА ПЕНЗИОНЕРОТ ДО БАНКОМАТОТ Е ЛЕСЕН ПЛЕН: Дедото го изненадил со директ во брада и брзи бокс потези!

Кога крадец тргнал по плен на улиците на Кардиф и забележал 77. годишен пензионер пред банкомат, си мислел дека наишол на лесна цел.
Пензионер со беретка и очила повлекувал пари од банкомат пред супермаркет кога крадецот го нападнал.


Меѓутоа, наместо лесен плен, крадецот добил неколку лесни удари од еден старец, кој очигледно знаел да се брани.



Штом разбојникот тргнал на него, дедото зазел класичната спаринг-позиција и со вистинските боксерски потези покажал дека нема да се предаде лесно.
Сето тоа било снимено од безбедносните камери, чија снимка станала хит во британските медиуми.


Разбојникот си отишол со празни раце, а сега полицијата во Јужен Велс го објавила видеото и побарала од секој што го познава да го пријави.
И покрај храбрата одбрана на дедото од безобразниот напаѓач, полицијата соопштила дека тој бил доста потресен после инцидентот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …