(ВИДЕО) Конечно пристигна првиот трејлер за “The Irishman”: Де Ниро, Пачино и Пеши во новиот филм на Скорсезе

Скорсезе со помош на Нетфликс конечно ја реализирал својата идеја. Френк Ширан, кој го толкува Де Ниро, извршува “валкани” работи за мафијата и, судејќи по сè, учествува во убиството на Џими Хофа, кој го глуми Ал Пачино. Низ целиот трејлер се прикажуваат сцените на убиства кои Ширан ги извршувал за мафијата.
Нетфликс го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот филм на Мартин Скорсезе, наречен “The Irishman”, во кој се појавуваат Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.
Легендарниот режисер го најави филмот уште во 2010 година, кога изјави дека повторно ќе се здружи со Робер Де Ниро за филмски да ја адаптираат книгата на Чарлс Брандт – “I Heard You Paint Houses”. Тоа сè уште не се случи, покрај останатото и поради парите кои биле потребни да се вложат за дигитално да се помладат актерите, пишува “Esquire”.

Скорсезе со помош на Нетфликс конечно ја реализирал својата идеја. Френк Ширан, кој го толкува Де Ниро, извршува “валкани” работи за мафијата и, судејќи по сè, учествува во убиството на Џими Хофа, кој го глуми Ал Пачино. Низ целиот трејлер се прикажуваат сцените на убиства кои Ширан ги извршувал за мафијата.
Освен трите најголеми мафијаши на филмското платно – Де Ниро, Пачино и Пеши, во “The Irishman” глумат и Боби Канавале, Ана Пакин, Реј Романо и Џеси Племонс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …