(ВИДЕО) КОНЕЧНО Е СПАСЕН – Куче во Турција преживеало 23 дена под урнатините

Спасувачки тим во Хатај, Турција, пронашло живо куче под урнатините 23 дена по разорните земјотреси.
Во земјотресите што во февруари ја погодија јужна Турција и северна Сирија загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а многумина се уште се водат за исчезнати. Материјалните штети се огромни, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Притоа, тие нашле живо куче 23 дена по земјотресот.


Станува збор за млада хаска по име Алекс, која во вторникот била извлечена од под урнатините, а видеото од спасувањето го објави новинската агенција DHA. Исто така, приказната за кучето ја пренесе агенцијата „Анадолија“.
Во спасувањето помогнаЛ Осман Полат, волонтер од турската организација за заштита на животните HAYTAP, кој тврди дека кучето е генерално во добра состојба, иако значително изгубило тежина. Спасувачите го слушнале додека барале привремено засолниште за жителите кои ги загубиле домовите.
Волонтерите на HAYTAP го однеле во теренската ветеринарна болница во Хатај, каде што му била укажана лекарска помош.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …