(ВИДЕО) Кои се воопшто мажите кои тврдат дека Мајкјл Џексон со години ги злоставувал?

Вејд Робсон и Џејмс Сафечук се двајца мажи кои од скоро потполна анонимност станале мажи за кои последните денови пишуваат сите светски медиуми. Робсон и Сафечук во потресниот документарец „Leaving Neverland“ тврдат дека починатиот Мајкл Џексон со години сексуално ги злоставувал и дека тие со години после тоа молчеле, дури и го бранеле од обвинувања на други момчиња.
Вејд Робсон е австралиски танчер кого како дете Мајкл Џексон го ангажирал да биде еден од неговите малечки танчери и двојници. Тој вели дека починатиот крал на попот го злоставувал од неговата седма до 14. година. Сепак, со години воопшто не бил свесен дека е злоставуван, бидејќи од својата втора година бил обожавател на Џексон и уживал во неговото внимание.


„Дури кога добив син и кога тој почна да расте сфатив што се случило. Замислував како Џексон нему му го прави она што ми го правеше мене и тогаш потполно се распаднав“, вели Робсон.
Наводно, Мајкл Џексон и на Робсон и на Сафечук им рекол дека ќе завршат во затвор „ако било кој дознае за нивната љубов“.

„Ми рече дека ова го направил само со мене. Дека ние не сме геј, туку дека на овој начин ја покажуваме љубовта еден кон друг. Рече дека ако некој дознае и двајцата ќе завршиме во затвор до крајот на животот“, заклучува Робсон.



Слична приказна има и Сафечук кој го запознал Џексон на снимање реклама за „Пепси“. Со години денови и ноќи минувале заедно, а Џексон му ветил помош во филмската кариера. Како и Робсон, и Сафечук го обожувал Џексон и долго не бил свесен дека овој го злоставува. Неговите емоции и понатаму се помешани“, вели тој.
„И понатаму чувствувам некој вид љубов кон него. Дури по малку чувствувам дека со овој филм го издадов“, рекол Сафечук.
И двајцата тврдат дека не примиле пари од продукцијата на филмот и дека нема да земат ниту долар од заработувачката на филмот.

Фото/Скриншот/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …