(ВИДЕО) КОГА ТАТО ЧУВА: Реакцијата на мајката на ќелавата глава на бебето станала хит на интернет!

ЈАСМИН Аилин Валеро од Калифорнија ја доверила нејзината ќерка Џазлин на грижа на нејзиниот татко, неколку часа за да отспие малку. Кога се разбудила и сфатилашто се случило, таа се вџашила, а нејзината реакција станала вирален хит.
„Единствен пат кога го прашав да ја чува беше малку да поспијам и…“, напишала таа со снимка од шокот што го доживеала кога сфатиладека нејзиниот сопруг Џошуа Луеваноз и ја избричил главата на малечката Џазлин.
Нејзината реакција ги воодушевила корисниците на Твитер кои го гледале видеото повеќе од 3,9 милиони пати.


Во видеото, Јасмин ја зема ќерката, чија глава е покриена со крпа, во рацете. Таа нема поим што се случило додека Џошуа не ја извадил крпата и и’ ја покажал новата фризура на девојчето.
Јасмин се шокирала и врескала незадоволна од изненадувањето што го подготвил за неа.
„Ова не е смешно. Зошто е ќелава? Џошуа, тоа не е смешно“, вели таа низ солзи.


Таа објасниладека оваа одлука не е случајна, затоа што во мексиканските култури е вообичаено да се бричат главите на бебињата, така што нивната коса ќе порасне „поубава“, но тие не се согласиле кога ќе го сторат тоа.
„Не мислев дека ќе го стори тоа додека спиев и ми даде такво непријатно изненадување“, пренесува Дејли Меил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …