(ФОТО) ШОКАНТНО – Џокер си поиграл со психата на глумецот: Додека ја подготвувал улогата развил тешко пореметување!

Џокер е познат по тоа што е манипулативен психопат кој наоѓа хумор во сè. Напорите на Феникс да го прикаже, резултирале со тоа да изгуби многу килограми, што имало огромно влијание врз неговото ментално здравје…
Актерот изгубил околу 23 килограми во подготовките за оваа улога и оваа трансформација влијаела на неговото ментално здравје. Актерот открил дека развил „нарушување“ и станал „опседнат“ со новата тежина.

“Еднаш откако ќе ја достигнете целената-тежина, сè се менува. Многу е тешко да се будите секој ден и да бидете опседнати со вишок од 100 грама. И’, навистина започнувате да развивате еден вид нарушувања”, рекол Хоакин Феникс.
Иако е познато дека слабеењето често носи и незадоволство, Феникс открил дека тој исто така започнал да ужива во витата фигура.

“Интересно е што очекував и бев подготвен да доживеам чувство на незадоволство, глад, слабост со губење на тежината, но она што не го очекував беше тоа чувство на флуидност што ја чувствував физички.Чувствував како да можам да го поместам телото на начини на кои до тогаш не сум бил во можност“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …