(ВИДЕО) Кејт Винслет во новиот филм „Амонит“ во експлицитна сцена со двојно помлада актерка

Оскаровките Кејт Винслет (44) и Саоирсе Ронан (26) играат заедно во новиот филм „Амонит“, кој наскоро ќе се појави во киносалите ширум светот.
Она што е интересно за овој филм се експлицитните сцени, чии главни актери се токму овие две актерки. Кејт и Саоирсе снимаа секс сцена за која пишуваат сите светски медиуми последниве денови.
Во интервју за „Холивуд репортер“, Кејт откри дека оваа сцена е една од најексплицитните што ги има снимено, но дека е многу горда.
“Горда сум што го покажав своето голо тело во 40-тите години. Не е тоа телото што го имав порано”, рече таа.
Таа призна дека филмскиот режисер Франсис Ли бил нервозен поради нивното снимање, па затоа решила да ја преземе контролата.


“Чувството сигурно не беше како кога јадете сендвич. Саоирсе и јас заедно ја дизајниравме сцената. Се договоривме како ќе започнеме, како ќе се бакнуваме, што ќе правиме со градите, во кои пози ќе бидеме. Го обележавме ритамот на секоја сцена”, открива таа.
Иако Саоирсе е на скоро половина од нејзината возраст, таа само се насмеа на помислата на двојничка.
“Да имате таква можност во 40-тите години, да бидете свои, откако ќе родите деца … Дали разбирате што сакам да кажам? Жените инаку навистина немаат храброст за такво нешто “, додаде таа.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …