(ВИДЕО) КАКВА ХРАБРОСТ – Старец во количка се заглавил на шини: Неверојатна реакција на полицајка!

Полицајката Ерика Уреа покажала храброст и со тоа го спасила животот на мажот во инвалидска количка, кој бил заглавен на шините.
Инцидентот се случил во Калифорнија, а Ерика се наоѓала во близина на авенијата „Лоди“ и железничката пруга кога видела маж во инвалидска количка кој се чинело дека е заглавен на шините.
Таа забележала дека рампата се спушта и видела дека возот се приближува.
Таа веднаш излегла од патролното возило и почнала да трча кон човекот.
Бидејќи возот стигнал до нив, таа успеала да го извлече човекот од инвалидската количка и двајцата паднале на земја.
Мажот се здобил со повреда на ногата.
66-годишниот маж на крајот бил пренесен во локална болница на лекување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …