(ВИДЕО) КАКОВ ПОГЛЕД- Шеикот весело и мавнал на бразилската навивачка, реакцијата на неговата сопруга беше хит: Кога ќе дојде дома…

Случувањата на терените во Катар за време на Мундијалот стануваат се’ поинтересни, а не е досадно ниту на трибините.
Покрај убавите навивачки кои привлекуваат внимание со својот изглед, на интернет секојдневно се појавуваат интересни, необични или хумористични ситуации од трибините.
Еден таков момент снимила една бразилска навивачка на натпреварор меѓу нејзината репрезентација и Швајцарија.

Имено, таа ја снимала публиката и во еден момент поранешниот емир на Катар, шеикот Хамада бин Калифа Ал Тани, чие богатство се проценува на повеќе од две милијарди долари, кој од срце се насмеал и и’ мавнал.
Меѓутоа, на само неколку метри од него гордо стоела неговата сопруга Моза бинт Насер.
Кога сфатила што се случува, неколку моменти го гледала сопругот со сериозен израз на лицето.
Потоа и таа им мавнала на обожавателите, па повторно погледнала во шеикот кој не обрнувал премногу внимание на тоа што се случува покрај него.
„Мислам дека нема да биде толку насмеан кога ќе дојде дома“, е само еден од коментарите под објавата.
Инаку, Моза често ја препознаваат како жена со префинет стил и една од најдобро облечените дами на Блискиот Исток, поради што е прогласена за една од најдобро облечените жени во светот во 2015 година а сите ги воодушевила со нејзиното појавување на отворањето на Светското првенство.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …