(ВИДЕО) КАКОВ МАЛЕР! Истекле 50.000 литри црно вино: Течело во потоци!

Во една шпанска винарија, во Виламалеа на југоистокот од земјата, почна да протекува резервоар со вино и така, на изненадување на сите, истекле скоро 50.000 литри од оваа скапоцена течност.
Црвените потоци почнаа да течат, а литри и литри вино исчезнале со трепкање на окото.
Работниците кои се нашле таму можеле само немо да ја следат катастрофата.


Шпанските лозари се на средина на бербата, а црвеното вино е високо ценето во таа земја.
Сепак, ова не е прв пат да се случи ваква „катастрофа“. Во јануари, дури 367.000 литри каберне, од една калифорниска винарија,истекле во блиската река.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …