(ФОТО) ШЕРИЈАТСКИ ЗАКОН – СИЛУВАЧ НА ДЕЦА ОСУДЕН НА 169 УДАРИ СО КАМШИК: После 52. се онесвестил – кога ќе се опорави ГО ЧЕКА ПРОДОЛЖУВАЊЕ!

Осудениот силувач на деца од Индонезија бил осуден на 169. удари со камшик, но по 52-от удар тој паднал на земја.
Казната е извршена во градот Банда Ацех, каде владее шеријатскиот закон.
Човекот, кого во локалните медиуми е наречен само Рони, требаше да биде удрен 169 пати, но падна по 52. удар, па медицинските работници изјавиле дека тој не е во можност да продолжи, што значи дека процесот ќе продолжи друг пат затоа што му останале уште 117 удари.

Рони веќе издржувал шест месеци од казната пред камшикувањето, па бројот на удари бил намален од 175. на 169., по еден за секој месец во затвор.
“Имаше модринки на грбот, ако беше продолжено, можеше да прокрвари. Подобро е да се одложи додека не се опорави”, рекол еден од лекарите.

Рони беше камшикуван заедно со уште петмина осуденици, обвинети за коцкање и казнети со по осум удари со стап.
Овој вид на камшикување се користи за казнување во една од најконзервативните индонезиски провинции и се заснова на шеријатскиот закон.

Пијанството, прељубата или хомосексуалниот однос исто така може да бидат казнети на овој начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …