(ВИДЕО) КАКОВ ГЕСТ – Директор им дава на работниците 1,6 милиони долари, кои ги заработил на берзата: „Вие ги заработивте!“

Лери Конор, директор на една американска компанија, за осум дена на берзата заработил 1,6 милиони долари и одлучил да им ги даде на своите вработени, пишува Си-Ен-Ен.
„Ова се тешки времиња, но начинот на кој луѓето реагираа е херојски. Почнав да размислувам за основните вредности на нашата компанија: Направи ја вистинската работа и погрижи се за луѓето. Сите 1,6 милиони долари ќе ги поделам помеѓу вас. Не го сметам тоа за подарок, вие ги заработивте“, рекол Конор.


Компанијата која има околу 400. вработени, е базирана во Охајо, а повеќето од нив продолжиле да рабоотат и за време на пандемијата.
Парите на вработените ќе им бидат поделени во облик на бонус во износи од 2.000 до 9.000 долари, во завност од нивната позиција во компанијата, објаснила портпаролката, Аманда Браун, која додала дека бонусите нема да ги добијат вработените чија основна плата е поголема од 150.000 долари годишно. Просечната плата на вработените кои ќе го добијат бонусот, е околу 42.000 долари годишно.
„Семејстото е на прво место, тоа е она што ме држи на оваа работа. Секогаш чувствував дека не се грижи само за мене, туку и за доброто на моето семејство. Секогаш се тука да помогнат“, раскажал вработениот Мемо Алба кој во компанијата работи веќе 13. години.
Рекол дека бонусот од 6.000 долари ќе го потроши на преуредување на куќата, вечера со сопругата и дека во иднина со семејството ќе отпатува во Флорида.
Освен овој бонус, компанијата се обврзала дека ќе ги плати сите неочекувани трошоци за децата на вработенте и дека ќе ја прошири својата програма за позајмици на вработените.
„Веруваме дека мораме однапред да се погрижиме за проблемите. Во тешки времиња, тоа значи дека не можеме само да зборуваме за проблемите, мораме да преземеме акција“, рекол Конор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …