(ВИДЕО) Инстант карма за безобразен возач:Полицијата на вистинско место во вистинско време!

Додека останатите трпеливо чекале во колона за да се исклучат од автопатот, еден возач се обидел да ја заобиколи навалицта и сообраќајните прописи.
Дали затоа што во последен момент сфатил дека треба да се исклучи или само сакал да го одбегне чекањето во колоната автомобили која се создала при излегувањето од автопатот, овој возач на „Хонда“ се уфрлил помеѓу две возила така што преминал преку исцртаниот разделен остров на патот. Во тој момент од паркираното патролно возило излегол сообраќаец кој веднаш го запрел возилото кое правело прекршок.
Дека ваквото однесување на возачите не е реткост на тој дел од автопатот (станува збор за Монтреал во Канада) сведочи стратешкото место покрај патот кое го зазел полицаецот. Погледнете го целото видео снимено со камера од камион кој се движел зад Хондата:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …