Во земјава има двајца пациенти кои живеат со две пумпи на срцето BIVAD и нивниот живот е многу потежок од животот на пациентите со една пумпа. Да бидеме хумани, да даруваме органи.
Да не оставиме хуманоста да се сведе на изолирани случаи туку да станеме свесни за тоа што може да го направиме за некој друг…Бидејќи, животот е тркало и никогаш не се знае дали можеби токму НИЕ нема да бидеме дел од статистиката за лица на кои ќе им биде потребен орган…
„Вака започнува денот на сите пациенти кои имаат вакви помагала на своите срца. Нив во земјата ги има дваесеттина и се дел од националната листа за трансплантација. За нив помагалото претставува само привремено решение додека се најде соодветен орган за транплантација поради што здружението ‘Храбро срце’ од лани започна национална кампања чија цел е подигање на свеста кај граѓаните за важноста и потребата од органодарителство…“, се вели меѓу другото во видеото со кое се има за цел да се крене свеста за органодарителството во Македонија.
Фото: Принтскрин/Youtube