(ВИДЕО) „Хепи енд“ ја промовираше песната со „шармантната“ директорка!

Првата песна и спот на момците од „Хепи енд“ беше промовирана вчера преку социјалните медиуми, точно во 19. часот.
На песната, како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, а спотот го изработи „Фабрика“ продукција.


„Кога би била моја“ е насловот на првенчето на овие млади момци, песна во поп-рок фазон, која најавува само уште многу интересни проекти од овој состав во иднина.


„Хепи енд“ функционираат од 2012. година, а досега свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, а сега конечно го промовираат и своето прво „чедо“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …