(ВИДЕО) Гоца Тржан:„Тоше не беше така скромен како што се мислеше…!“

На денешен ден пред точно 13. години, во страотна сообраќајна несреќа, трагично го загуби животот еден од најомилените балкански вокали, Тоше Проески …
Имаше само 26. години кога пред точно тринаесет години заспа засекогаш. На 16. октомври 2007. година, во регионалните медиуми одекна веста дека музичката sвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка и остави многу фанови во солзи, дури и оние кои тоа не беа.


Зад себе остави неутешно семејство, пријатели, колеги, публика, а еден од поголемите пријатели меѓу колегите беше секако Гоца Тржан, со која Проески го сними дуетот „1200 милји“, што е хит и денес.


Гоца Тржан сè уште со кнедла во грлото се сеќава на Тоше Просеки.
„Толку ми е жал што Тоше не е жив. Би сакала да можеме да видиме како би изгледал тој како зрел и пораснат човек и уметник. Тој беше дете кога настрада. Нашето пријателство беше многу специфично, а соработката беше многу повеќе од соработка. Научив многу од него, иако беше помлад од мене. Го сакав многу, тој беше прекрасно момче, воопшто не е скромно како што го претставуваа луѓето. Имено, тој отворено ги покажа своите амбиции и сакаше да го освои целиот свет. Ќе успееше ако останеше жив“.


Заштитен знак на Тоше беше реченицата „Ве сакам сите“, а тој тоа го покажа со своите песни, енергија, насмевка… Иако беше многу млад, Тоше ја покажа својата длабочина и мудрост со изјавите и односот кон животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …