(ВИДЕО) ГО СНИМАЛА ТРЕНИНГОТ А НЕМАЛА ПОИМ ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД НЕА: Го гледате овој конвој? Таа ниту не…

Во неверојатното видео, на инструкторката по аеробик која продолжува со својата рутина за танцување, додека во позадина конвој возила се приближува до парламентот.
Танчерката која го снимала својот тренинг пред парламентот во Мјанмар станала сензација на социјалните мрежи откако случајно ги фатила првите моменти на драматичниот воен удар.
Да потсетиме, во понеделникот наутро, армијата на Мјанмар ја уапсиле шефицата на владата Аунг Сан Су Чи и другите членови на владеачката партија пред да прогласи вонредна состојба и да ја преземе власта.
Во неверојатната снимка, Кинг Хнин Ваи продолжила да вежба со весела музика, додека во позадина конвој возила се приближувал до безбедносниот контролен пункт во главниот град Најпидау. Инструкторката по аеробик очигледно не била свесна што се случува зад неа.


Неколку часа подоцна, таа на социјалните мрежи објавила и потврдила дека снимката е автентична, додавајќи дека 11. месеци ја снимала својата рутина за танцување пред парламентот.
Корисниците на социјалните мрежи го споредиле видеото со сцените од дистописката серија „Црно огледало“, а Редит бил преплавен со монтажи во кои Кинг Хнин Ваи бил фотошопиран во други ситуации, како што е катастрофата Хинденбург и упадот во американскиот Конгрес.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …