(ВИДЕО+ФОТО) „Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“ за помалку од три недели заработил милијарда долари

Тоа дело на „Лукс филм“ и „Дизни“ за новогодишниот викенд во светот заработил 120,4 милиони долари, и е осми по ред најлукративен американски филм на сите времиња со зарабока од 517,1 милион долари, само 15. милиони помалку од минатото продолжување „Роуг 1:Приказна од војна на ѕвездите“ кој е на седмо место.
Филмот „Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“ за помалку од три недели прикажување заработил повеќе од милијарда долари.
На светската листа „Последниот Џедај“ се наоѓа на 24. место, со заработувачка од 1,04 милијарди долари, но дури на 5. јануари ќе биде прикажуван во Кина, на својот конечен пазар, што дополнително ќе му ја зголеми заработувачката.

Филмот го престигнал Дизниевиот „Убавица и ѕвер“ кој оваа година бил најуспешен филм во Северна Америка“ со заработувачка од 504. милиони долари.
„Дизни“, во 2012. година го купи „Лукс филм“ за четири милијарди долри.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …