(ВИДЕО+ФОТО) Страшно невреме во Задар: Градот под вода, поплавени улиците, подруми, болница, шопинг центар…

Силно невреме утрово го погодило Задар, Хрватска. Како што јавуваат локалните
медиуми, градот е во хаос, некои училишта ја откажале наставата, а делови од
градот се без струја. Поплавени се патишта и подруми.


“Центарот на цивилната заштита на Град Задар, донесе одлука да ја одложи наставата во попладневната смена во сите основни и средни училишта на подрачјето на градот Задар. Исто така, сите училишта се обврзани да обезбедат дежурства на професори, кои ќе ги прифатат децата во случај некои од нив сепак да дојдат на настава”, објавено е на веб страната на Град Задар.

Министерот за здравство, Милан Кујунџиќ, потврдил дека обилните дождови денес наутро поплавиле делови од задарската болница. Кујунџиќ на новинарите им кажал дека голем број на простории во болницата се поплавени, па е договорено, доколку е потребно, итните пациенти да се пренесуваат и згрижуваат во Госпиќ и Шибеник.


“Поплавата е сериозна, голем број простории во болницата за жал се поплавени”, рекол Кујунџиќ додавајќи дека во константен контакт со управникот на задарската болница, која ќе посети во текот на денот.


Обилните дождови во Задар поплавиле куќи и подруми, а од Метеоролошката станица Задар известиле дека од 8 до 10 наутро паднале околу 190 литри дожд по метар квадратен, што е повеќе од двојно од просечните месечни врнежи од 98 литри.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …