(ВИДЕО+ФОТО) Скандал во Хрватска – забранет концерт на некогаш најголемата Ју ѕвезда:„Не сум насилник но знам да удрам шамар“

Во клубот во кој требало да настапува пристигнале бројни жалби…
Настапот на Даниел Поповиќ, некогаш најголема ѕвезда на Југославија и човек кој се прослави со настапот на Еврозивија со песната “„Џули“, е откажан во клубот „Мочвара“ во Загреб, откако на организаторите им е укажано на неговите проблематични изјави и недеозволливо однесување од минатото, а кои се однесуваат на „насилничкото однесување кон бившата жена“.
Имено, откако на својот Фејсбук профил го објавиле настапот на бившата ѕвезда, фановите јавно, на самиот профил, но и приватно на организаторите почнале да им испраќаат жалби и ставале линкови од медиумски написи од минатото во кои Даниел го прозиваат поради насилство. Некои од нив се изјави на пејачот:
„Не сум насилен, но понекогаш знае да ми се случи да удрам шмар“ на што се надоврзале коментари од типот – „Клуб Мочвара? Дали навистина на насилник ќе му дозволите да настпува кај вас?“
Организаторите веднаш реагирале и го откажале настапот на Поповиќ.
„Насилството над жените е нешто што во нашето општество се игнорира и релативизира па така имаме случаи каде насилството на градоначалник на ХДЗ над сопругата се игнорира или правда со изјавите ’така ви е тоа во брак’, додека пијани пејачки ѕвезди кои физички и психички ги малтретираат своите сопруги се јунаци на нацијата, сметаме дека единствена исправна работа е да го откажеме настапот на Даниел Поповиќ со цел да испратиме порака дека насилството над жените нема да го толерираме ниту релативизираме“ пишува во известувањето на Панк романтика Мочвара.
Даниел Поповиќ не давал изјави по повод овој случај.
Да се потсетиме каков бил настапот на Даниел на Евровизија:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …