(ВИДЕО+ФОТО) Пред 32. години беше изведена најубавата песна во СФРЈ: „За милион години“

Пред нешто повеќе од 32. години на стадионот на „Црвена звезда“, „Маракана“ пред 20.000 луѓе беше одржан концерт со кој Југослвија се придружила на хуманитарната акција „Live Aid” која ја покренал Боб Гелдоф, за да собере пари за гладните деца во Етиопија.
Еден месец пред славниот „Live Aid” концерт во живо била изведена песната „За милион години“, на бендот „Ју рок мисија“ кој го чинеле најголемите ѕвезди на југословенската поп и рок сцена.
„Nikad ne boj se, s tobom neko je ko želi ljubav da ti da, deo svoga toplog sna…”, се орело на Маракана тој 15. јуни 1985. година.
Текстот за песната го напишал драматургот Младен Поповиќ, во тоа време уредник на „Хит на месецот“ на РТ Белград и еден од организаторите на акцијата, додека музиката ја напишал Драган Илиќ, тогашен клавијатурист и фронтмен на „Генерација 5“.
Музиката, спотот и аранжманот биле готови за само три дена.
Иако не учествувал во снимањето на песната на снимањето на спотот се појавил и’ Горан Бреговиќ, фронтменот на „Бијело дугме“, додека „Рибља чорба“ и „Забрањено пушење“ ја бојкотирале акцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …