(ФОТО) Што им прават на парите: Од износите кои овие славни лица секој ден ги заработуват ќе „ви се заврти“ во глава


Дејвид Бекам, ЈК Роулинг, Адел и Луис Хамилтон заработуваат неверојатни износи
Славните поединци секој ден заработуваат неверојатни износи. Така на пример пејачката Адел дневно заработува околу 145. илјади фунти, што е всушност смешен износ кога се знае дека коосновачот на „Микрософт“, Бил Гејтс, во џеп дневно си става 7,1 милион фунти.
Бил Гејтс: 7,1 милион фунти
Според податоците кои ги собрал Блумберг, во минатата година коосновачот на „Микрософт“ заработил неверојатни 2,6 милијарди фунти. Во куси црти тоа би значело дека секој ден заработувал по 7,1 милион фунти. Се прашувате на што ја троши својата заработувачка?Така што, кога ќе се умори, оди до Исланд на кус одмор, додека со семејството често со јахта крстари по Медитеранот.
Хју Гросвенор, војвода од Вестминстер: 216.986 фунти дневно
Иако има само 26. години, Хју Гросвенор минатата година ја наследил титулата војвода од Вестминстер и станал глава на семејството Гросвенор. Станува збор за семејство чие богатство е скоро непроценливо, а во свој посед имаат повеќе земја отколку самата британска кралица. Според некои пресметки, Гросвенор групацијата минатата година имала профит од 79,2 милиони фунти, и покрај состојбата на пазарот за недвижнини.Иако многумина би мислеле дека многу пари го промениле, не е така. Хју вози автомобил како секој друг граѓанин и е во долгогодишна врска со девојката која ја запознал на факултет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Медеа“ и „Нека биде уметност“ вечерва на сцената на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Во рамки на програмата на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, вечерва ќе бидат изведени …