(ВИДЕО+ФОТО) На предвреме роденото бебе му се гледале мозокот и вените: Никој не верувал дека ќе преживее – еве како изгледа денес!

Повремено се раѓа и’ бебе кое ги победува сите мрачни прогнози, па со право го носи прекарот “чудесно дете”…
Предвременото раѓање на детето е една од најстрашните работи која може да им се случи на родителите.
Предвременото раѓање е проследено со цела низа здравствени компликации кои може да го загрозат животот на детето или да му го отежнат животот и понатамошното растење. И иако медицината напредува од година во година, и натаму се случува бебињата да се родат толку рано, што едноставно е невозможно да преживеат.


Khi chào đời, Hailie Dillon có ít cơ hội sống sót. Hailie sinh non đến mức bố mẹ em có thể thấy não cô bé qua làn da đỏ…

Posted by Hoàng Đức on Mittwoch, 14. März 2018


Сепак, повремено се раѓа и бебе кое ги победува сите мрачни прогнози, па со право го носи прекарот “чудесно дете”.


Едно од таквите деца дошло на свет во Велика Британија. Родено е само ден по дозволениот лимит за абортус во ваа земја, што е 24. седмица од бременоста.

Девојчето на свет дошло толку мало и нежно, што мозокот и се гледал низ кожата, а тежело само 500 грама. Седум минути по раѓањето малата Халил Дилон не дишела бидејќи и откажале белите дробови.

“Знам дека тоа не е убаво да се каже ниту слушне, но кога се роди изгледаше како црвен вонземјанин. Воопшто не личеше на бебе бидејќи и натаму беше фетус. Воопшто не се надевав дека ќе преживее. Кога ја извадија од мене, ја ставија во инкубатор. Не смеев да ја допирам, само и ги гледав вените и мозокот низ црвената кожа”, вели Шери, која породилни контракции почувствувала во јануари 2017. година, но бидејќи било рано за пораѓање, во болницата не знаеле што да прават, па била префрлена во друг град, во подобро опремена болница. Патот траел осум часа и вклучувал возење со автомобил и траект.

Сепак, до пораѓањето не дошло, па две недели подоцна била пратена дома бидејќи се делувало дека критичниот период минал и дека бебето ќе остане во стомакот. Два дена подоцна, додека седела дома, и пукнал водењакот и уследила борба за живот.
“Страшно сум горда на својот мал борец. Немаше ни развиени очи кога се роди и лекарите не и даваа никакви шанси. Не само што преживеа, туку за некое чудо и го спасија и видот. Од болница конечно излеговме на 19. јуни 2017. година, два дена откако требаше да се случи породувањето. Пресреќна сум, но со сопругот донесовме една одлука – нема повеќе деца, доста ми е од болници”, вели Шери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …