(ВИДЕО+ФОТО) Љубовна приказна за која се говори во Холивуд: Поради љубов од тинејџерските денови ја оставил сопругата после 36. години брак

Таа им ги „скршила срцата“ на Џексон Браун, Дејвид Блејн и Џон Кенеди Јуниор, но прв пат се омажила на 57. години.
За нејзиниот животен партнер, Дерил Хана го избра музичарот Нил Јанг, кој има 72. години. Двојката е во врска од 2014. година, а поради неа, Јанг ја напуштил Пеги, со која бил во брак 36. години.


 
Многумина заклучиле дека нивната врска нема да потрае, бидејќи таа е сериска заводничка.
“Не е важно што мислат другите луѓе. Ние не се грижиме. Немаат поим за што зборуваат, па дури и ако имаат – единственото нешто што е важно сме ние”, рекол Јанг.
Легендарниот музичар ја шокираше неговата сопруга кога и рекол дека си заминал поради Дерил.



 
“Имавме многу тежок период во бракот, но никогаш не мислев дека можеме да се разведеме.Тоа беше тешко за секого, за мене и за децата, сите знаеја што се случува во моето семејство и тоа беше страшно”, рекла Пеги, која има две деца со Јанг.
Ниту еден од нивните пријатели не очекувал да се венчаат, но изгледале целосно уверени во својата љубов што ја крунисале кон крајот на јули на јахтата на Нил.
Тие минатата недела подготвиле забавува за пријателите на нивниот ранч во Калифорнија. Нил еднаш раскажал дека Дерил му помогнала да живее поздраво од порано, а двојката ја дели и страст за екологија.


“Таа ми помогна да бидам посилен физички. Има интензивен режим на вежбање на кој се обидувам да се навикнам.Работиме пилатес два пати неделно, понекогаш трипати, потоа работиме со тегови во базенот. Многу сме среќни што се пронајдовме еден со друг. Благодарен сум за можноста да го споделам мојот живот со неа и затоа што таа го чувствува истото”, вели Нил.


Инаку, двојката минатата година направила филм за Netfliks, “Парадокс”, која Дерил го напишала и режирала, а Нил во него глуми и е автор целата музика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …