(ВИДЕО+ФОТО) 10. работи кои не сте ги знаеле за филмот „Титаник“

Со оглед дека е 20. годишнина од славниот филм „Титаник“ пронајдовме десет интересни и можеби помалку познати факти за тој хит…
1. „Титаник“ од 1997., кога прв пат бил во кината, до денес заработил 2,1 милијарди долари. Тоа го прави најпрофитабилен филм во историјата на Холивуд.
2. Студиото сакало главната машка улога да ја толкува Метју МекКонахју, но Џејмс Камерон не го дозволил тоа бидејќи бил сигурен во својот избор на Леонардо ДиКаприо.
3. Меѓу глумиците кои биле во потесен избор за главната женска улога биле Никол Кидман, Мадона, Џоди Фостер, Камерон Дијаз, Гвинет Палтроу и Шерон Стоун.
4. Стварниот брод „Титаник“ е изграден од 1910. до 1912. година, за седум и пол, тогашни, милиони долари, што е помеѓу 120. и 150. милиони долари од 1997.Филмот чинел 200. милиони долари. Бродот изграден за филмот после завршувањето на снимањето бил продаден во старо железо.
5. Џејмс Камерон сакал музиката за филмот да му ја работи Енија, но откако го одбила го ангажирал Џејмс Хорнер кој е заслужен за хитот „My Heart Will Go On“ што ја исполнува Селин Дион.


6. На сетот работела и починатата Глориа Стјуарт која се родила 1910. година (починала во 2010. година) и имала две години кога „Титаник“ потонал. Глориа Стјуарт станала најстаро лице номинирано за Оскар за глума кога во 1997. била една од номинираните глумици за Оскар за споредна женска улога.
7. Кејт Винслет добила воспалување на плуќа бидејќи била една од ретките кои не сакале да носат одело за гнурење за време на снимањето на сцените во вода.
8. Собата во прва класа на „Титаник“ чинела 4.350. долари. Денес тоа е околу 75.000 долари.
9. „Титаник“ е прв филм во кој Џејмс Камерон не спомнал нуклеарно оружје, како и прв филм кој било возможно да се купи на видеокасета во исто време кога бил и’ во кино салите.
10. „Парамаунт“ во кината морал да испрати заменски ленти од филмот бидејќи нивните буквално биле излижани од употреба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …