(ВИДЕО) Еве зошто џиповите не се толку безбедни за возење

Тестот за избегнување на пречки е еден од најавторитетните што укажува на динамичките својства на автомобилот.
А, Швеѓаните се многу ригорозни. Магазинот Teknikens Värld веќе „под заб“ земал голем број модели, а со тоа и производители, а во исто време е подеднакво ригорозен и кон домашното Volvo.
На последниот тест, тие одлучиле да видат како ќе помине неодамна обновениот Toyota RAV4, овој пат во форма на plug-in хибрид. Видеото покажува како RAV4 повторно се бори, а драстичното преуправување со занесување се случува веќе со 63 км на час, максималната брзина со која автомобилот го исполнил тестот. Се обиделе и со поголема брзина, но резултатот секогаш изостанувал.
Авторите на тестот потенцираат дека добиле впечаток дека електрониката воопшто не е активирана на тестот, а заради објективност, тие се обиделе да го спроведат тестот со различни возачи. Едноставно, случајот од минатата година се повторил, кога хибридниот RAV4 имал големи проблеми, но ни приближно вакви. Тојота последователно го изменила системот за контрола на стабилноста и RAV4 значително се подобрил. Тојота реагирашла и сега и изјавила дека „ќе ги преземе сите мерки за да RAV4 Prime го полоѓи тестот.


Да речеме дека истата публикација веќе тестираше неколку џипови, вклучително и Mitsubishi Outlander Plug-in Hybrid и Volvo XC40 Recharge T4. И двата хибриди не задоволиле, но биле значително подобри од Тојота. Од сето ова, лесно е да се заклучи дека овој тип на возило без помош на електроника покажува големи слабости во вакви тестови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …