(ВИДЕО) ЕМОТИВНА СРЕДБА: Петгодишно момче со леукемија го запознало човекот кој му го спасил животот!

„Во тоа време, син ми имаше осум месеци и не се сомневав дали треба тоа да го сторам и се надевам дека ако на моето семејство некогаш му треба помош, некој друг ќе се однесува како мене“
Грант Медеирос има само пет години, но тој е благодарен за дарот на животот. Грант, по две тешки години, сега конечно е среќно и разиграно момче.
Кога имал две години, му била дијагностицирана леукемија.
Неговата мајка, Лори, објаснила: „Брзо нè однесоа во болница, го тестираа. Сфатија дека има тумор зад окото, има леукемија во ‘рбетот, зад окото, во нозете, колковите и горната лева рака“.
Грант се борел херојски и минал низ кругови и кругови на хемотерапија. За жал, леукемијата му се вратила минатата година. Му требала трансплантација на коскена срцевина. За среќа, бил пронајден соодветен примерок.


Тој примерок му припаѓал на човекот кој му го спаси животот минатата недела. Семејството поминало долг пат за да се сретне со Грејми Оси, лицето кое го спасило Грант.
„Неговото име е Грејми. Ми даде дел од неговата крв. Неговата крв сега е моја“, вели Грант.
„Во тоа време, син ми имаше осум месеци и не се сомневав дали треба тоа да го сторам и се надевам дека ако на моето семејство некогаш му треба помош, некој друг ќе се однесува како мене“, вели Грејми.
Лори и нејзиниот сопруг, Филип, се бесконечно благодарни за добрината на Грејми. Лори вели: „Имаме поинаков поглед кон животот и тоа е прекрасно. Уживам во секој момент. Тој го спаси животот на нашиот син. Да не беше тој, не знам каде би биле. Ние сме му многу благодарни за тоа“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …